Секции
Креативна секција
Во креативната секција членуваат ученици од нижите и вишите одделенија
Секогаш може да учестуваат различни ученици (врз основа на интересот што го имаат)
Со активностите на оваа секција учениците искуствено се запознаваат и применуваат сет од креативни, интерактивни методи и техники на комуникација на теми од животот на учениците и заедницата. Ваквиот начин на креативна работа може да се примени во редовната настава, или како дел од вон-наставните активности (секции) на училиштето или надвор од него. ( Во соработка со организирање на креативни работилници со ученици од други училишта)
Основни претпоставки за успешна реализација на програмата во оваа секција се: интерактивност, тимска работа, игровност, поттикнувачка атмосфера, континуирана поддршка и признанија, еднакви можности за учество на секој учесник во секцијата (по сопствен интерес за одредени изработки).
Очекувани ефекти – подобрување на општата атмосфера за работа во креативната секција, развој на Еко свест, проширување на знаењата за Екологијата, градење нови релации, поттикнување на игровноста и креативноста кај учениците, самовреднување на нивните изработки. Социјалната компетентност, самодовербата, релаксирана атмосфера и позитивниот контакт меѓу учениците се меѓу најголемите придобивки од овој вид работа.
Ритмичко-балетска секција
Ритмичко-балетската секција планира и реализира активности преку кои учениците ја искажуваат својата способност за играње.
Основната намена на оваа програма е запознавање со разни ритмички движења, практична примена на научените ритмички игри, развој на чувството за естетика, тимска работа и развивање на натпреварувачкиот дух кај учениците. Оваа секција учествува на приредби кои се организираат за разни државни и училишни празници, културни манифестации, ТВ емисии, посети, натпревари и дружења со други училишта во нашата држава и надвор од неа. Преку нив се остваруваат дружења и социјализација на учениците.
Еколошка секција
ЕКО-СЕКЦИЈАТА има за цел учениците да се стекнат со знаења на теми од животната средина и истите да се применат во секојдневниот живот. За учениците се планирани најразлични ЕКО-АКТИВНОСТИ преку кои ќе се подигне еколошката свест на учениците за заштита на животната средина, подобрување на изгледот на околината во која учиме и работиме, грижа и чување на природните богатства и сл.
Спортска секција
Целта на спортските секции е учениците да усвојат одреден фонд на моторни знаења, умеења и навики, да се унапреди правилниот раст и развој, одржување и подобрување на здравјето, јакнење на спортскиот дух, примена на фер-плеј однесување и социјализација на учениците, развој и подобрување на психомоторните кондициските и способности, зацврстување на навиките за систематско вежбање и негување на телото, да овозможи на надарените ученици да напредуваат и да ги усовршуваат техниките во спортските игри, стекнување и развивање на морални особини, волја и карактер
Библиотекарска секција
Целта на оваа секција пред се е да се створи љубов кон книгата, чувство на одговорност за нејзини чување, желба за проширување на знаењата и запознавање со нови четива, раскази и песни.Во оваа секција учениците стекнуваат соодветни искуства од оваа област.Таа опфаќа размена и позајмување на книги во рамки на локалните училишта и установи.
Драмска секција
Драмската секција во нашата установа постои повеќе години наназад и во неа учествуваат ученици кои имаат одредени афинитети за глума.Учениците преку секцијата земаат учество во приредби и настани во организација на установата и имаат повеќе успешно изведени точки преку драматизации, скечеви ,пантомима. Постигнатите успеси позитивно влијаат врз нивната желба за работа и допринесуваат за развивање на поголем интерес кон драмскиот израз и глумата, преку која се зголемува емоционалната свест и социјалната интеракција.
Ликовна секција
Ликовнта секција ги опфаќа децата кои покажуваат посебен интерес кон ликовното творештво и желба ликовно да се изразуваат.
Творечките активности ги опфаќаат ликовните подрачја цртање,сликање,моделирање и дизајн.
Посебен акцент му се става на ликовното изразување во поглед на следење на ликовни конкурси и работилници и една од најзначајните ангажирања е во рамките на дизајнот на предмети поврзани со прослави и празници како и работа на ѕидни мурали и декоративни моменти.